305
Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 4620 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи изнесува 24851.
„Божиќ и Нова година нема да бидат како минатата година. Нашите бројки сè уште растат , а денес имаме сто повеќе од вчера“, изјавил хрватскиот министер за здравство, Давор Божиновиќ. На прашањето за ублажување на мерките, Божиновиќ рекол: „Сите ги следиме дневните бројки, гледате дека не сме блиску до тоа сценарио. Мора да гледаме пад од ден на ден“.
Од сабота ќе стапат на сила новите рестриктивни мерки за продавниците, кои ќе траат до 10 јануари.