Над 70 отсто од глобалната работна сила е загрозена од климатските промени! Овие работни места се првите на удар

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила.

Во понеделникот Меѓународната организација на трудот (МОТ) оцени дека се заканува „коктел од опасности“. МОТ, која е дел од ОН, проценува дека 2,4 од 3,4 милијарди работници во светот се веќе изложени на прекумерна топлина во одреден момент од нивното работно време. Ова е особено точно за луѓето кои работат во земјоделство или други занимања на отворено.

Според организацијата, речиси 19.000 луѓе годишно умираат од последиците на прекумерната топлина за време на работата. Најголема опасност е топлината и УВ зрачењето, јави ДПА.

Проблем е и работата при екстремни временски услови, на пример за рибарите. Исто така, работници и тимови за чистење при катастрофи. Луѓето кои работат на отворено исто така се повеќе изложени на ризик од паразити кои се шират на поголеми области поради климатските промени.

Врската помеѓу климатските промени и одредени болести е веќе препознаена. На пример, рак на кожата, кардиоваскуларни или респираторни заболувања, како и макуларна дегенерација што може да доведе до губење на видот.

МОТ ја пофали Германија за регулативите кои бараат од работодавците да обезбедат заштитна облека поради ризикот од УВ зрачење. Покрај тоа, од 2015 година, некои форми на рак на кожата се наведени како професионални заболувања.

„Јасно е дека климатските промени веќе предизвикуваат значителни дополнителни здравствени ризици за работниците“, рече Манал Ази од МОТ.

Слични содржини