Над 80 илјади пријави за прекршување на работничките права стигнале на адреса на ССМ

од Andreja Salpe
346 прегледи

За време на пандемијата, на адреса на ССМ стигнале над 80 илјади пријави за прекршување на работничките права. Најголем дел од нив се за неисплатена плата, додатоци, исплата под минималец, како и трансформација на договорите за работа од неопределено на определено време. Претседателот Дарко Димовски вели дека најголем дел од нив биле решени, без да се вклучи трудовиот инспекторат, но поведени се и судски постапки.

„Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до ДИТ. Се постапува, редовно не известуваат, добиваме каде се врачени решенија и каде се исплатени глоби. Најголем дел од работниците со тие решенија се вратени на работа, онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува бесплатна правна помош, ги застапува пред судовите за да докажат дека им се нарушени тие работнички права.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Од трудовиот инспекторат за првите три месеци годинава извршиле над 3 илјади надзори, оттаму велат дека најдоцна за 1 месец случаите добиваат разрешница. Кај нив од почеток на годинава до 15ти месецов вкупно 1 171 работник пријавиле дека им биле повредени работничките права. 

Слични содржини