Нада Топчагиќ смисли како да му се оддолжи на Ибрахимовиќ

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Со цел да му се оддолжи на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ откако тој се појави на сцената на најголемиот италијански фестивал Санремо со воведните тактови на песната „Јутро је“, пејачката Нада Топчагиќ сега му подготвува подарок, но како што вели, таа сè уште не знае како ќе го достави. Сепак, веќе има неколку идеи.

„Златан оживеа хит од стара Југославија кој падна во кома и потоа ненадејно повторно заживеа благодарение на него. Затоа му подготвувам подарок кој ќе му го испратам, само не знам како. Размислував да одам кај фудбалерот Дејан Станковиќ или кај некој од Фудбалскиот сојуз на Србија, за да му го предадат. Морам да му се заблагодарам на тоа момче кое направи чудо. Мојата песна сега е една од најслушаните во Италија, но сето тоа благодарение на него“, навела Нада Топчагиќ во интервју за „Нова.рс“ па додала:

„Ми текна да го контактирам неговиот татко, но го изгубив бројот. Таткото на Златан, Шефик е прекрасен човек. Се запознавме многу одамна, по моја турнеја. Тогашниот менаџер Вахид Капо ми беше домаќин две недели, па случајно ме запозна со Шефик и отидовме на ручек. Тој е одличен домаќин. Златан во тоа време беше дете и играше фудбал во клубот „Балкан“ во Малме. Пеев во тој фудбалски клуб и тогаш некои деца се дружеа таму. Само по неколку години, кога Ибрахимовиќ влезе во светот на фудбалот, менаџерот Вахид ми се јави и ми рече: ‘Тоа е оној малиот Златан на Шефик, кој се дружеше со пријателите додека ти пееше’. Колку е мал светот“, заклучува Нада, која ги негираше написите во медиумите дека некој од семејството Ибрахимовиќ ја контактирал со цел да ѝ биде домаќин.

„Прв пат слушам за тоа. И претходно тие не ми беа домаќини, туку менаџерот, а кај нив отидов само на ручек“, објаснува Нада.

Слични содржини