Надал: На Ролан Гарос е моментот да дадaм се, да се умре

од Симе Стоиков
170 прегледи

Поранешниот тенисер број еден во светот Рафаел Надал вели дека тешко дека повторно ќе игра во Барселона.

Бикот од Мајорка 12 пати го освојуваше трофејот во Барселона, а сега во второто коло загуби од Алекс де Миноро со 7:5, 6:1.

„Можам со речиси целосна сигурност да кажам дека нема повеќе да се натпреварувам овде. Посакувам да можев да бидам поконкурентен, но за мене беше убаво што можев да одиграм два натпревари. Тешко ми е… Имав среќа да напишам прекрасна историја на овој турнир, а сега другите ќе се обидат да ме престигнат. Се има почеток и крај, нема драма“, изјави Надал и додаде:

„Ќе играм во Мадрид ако се чувствувам добро, сега треба да одработам добра недела на тренинзи. Во текот на натпреварот се чувствував добро и уживав“.

Надал се обидува да гледа на иднината со оптимизам.

„Овде заминувам убеден дека направив чекор напред. Ако моето тело добро реагира на тренинзите, верувам дека ќе направам чекор напред и во Мадрид. Ако телото може да се справи со дополнителното оптоварување, тогаш ќе можам да направам подобро – не зборувам за победа, туку за да имам ниво на игра за да можам да се борам. Во Мадрид малку подобро, во Рим уште малку подобро, а во Париз, ако даде Господ. Ќе биде момент да се обидам да дадам се од себе, ќе биде момент за кој ќе умрам“.

Рафа истакнува дека му е многу јасно што може, а што не може во овој момент.

„Морав малку да успорам, меѓу другото не можам да сервирам од Бризбејн, па сега ми е тешко да сервирам нормално. Пред турниров играв само неколку сетови на тренинг, како и егзибицијата во Лас Вегас, ништо повеќе. Во моментов не можам да си дозволам да играм два или три часа на високо, натпреварувачко ниво. Сега имав некои шанси, но долго не игра, правев грешки со форхендот“.

Слични содржини