Надал по поразот од Медведев: Знам дека победував во многу поважни натпревари од овој

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал, исто како и Новак Ѓоковиќ, беше запрен во полуфиналето на завршниот мастерс во Лондон. Данил Медведев беше поуспешен од Шпанецот по 3:6, 7:6 (4), 6:3.

Елиминацијата на Надал пред финалето беше причина многумина да започнат да го оспоруваат дека тој повеќе не е тоа што беше и дека поминало неговото време.

Сепак, „матадорот од Мајорка“ не сакаше да молчи за тоа, но ја затвори устата на критичарите и сите што не веруваат во него.

„Мислам дека доволно постигнав дека притисокот не може да биде изговор за мене. Знам дека победив во потешки натпревари на турнири од овој, дека се борев со потешки ситуации од оваа. Знам дека победував во многу поважни натпревари од овој, па не се чувствувам како да одиграв лош натпревар. Секако, нормално е дека сакате да победите, не мислам само на мене, туку на кој било. Мислам дека имав неколку добри поени и дека направив и неколку грешки“, изјави Надал.

Шпанскиот ас, освојувач на 20 гренд слем трофеи, сезоната ќе ја заврши како втор тенисер во светот, зад првопласираниот Ѓоковиќ.

Денеска во 19 часот, Данил Медведев и Доминик Тим ќе се сретнат во финалето на Завршниот мастерс во Лондон.

Слични содржини