Надал се враќа на теренот: Шпанецот ќе игра во Барселона

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Рафаел Надал по четиримесечна пауза ќе настапи на АТП турнирот во Барселона. Тоа ќе биде негово прво појавување на теренот по турнирот во Бризбејн на почетокот на годината.

Шпанскиот тенисер во првото коло ќе игра против Флави Каболи. Станува збор за Италијанец кој има 21 година и моментално ја зазема 63-та позиција на светската ранг-листа. Во случај на триумф, во вториот круг го чека Алекс Де Минор.

Прв носител ќе биде Карлос Алкараз. Вториот тенисер во светот ќе биде слободен на стартот на турнирот, додека во второто коло ќе го чека победникот од дуелот меѓу Лук Ван Аш и Жижен Жанг.

Слични содржини