Надал: Веројатно ќе биде последна сезона!

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Рафаел Надал со години се мачи со разни повреди, но не се предава. Се бори како лав.

Шпанецот, заедно со големата желба дури и да се врати на своето поранешно ниво, го слуша неговото тело, а тоа му вели – крајот е близу. Тој е свесен за тоа и моментално е 654-от играч во светот (!) кој со нетрпение го чека Мастерсот во Индијан Велс, свесен дека тоа е само уште една „контролна точка“ кон враќање.

Последниот меч Рафа го одигра на 5 јануари, кога во четвртфиналето на Бризбејн беше поразен од Џордан Томпсон, а потоа го откажа учеството на Австралија Опен. Дуелот со Томпсон му беше прв по едногодишна пауза.

„Не знам на кое ниво сум, имаше подобри и полоши моменти. Најважно е што сум тука – ако е така, тоа е веќе добра вест. За мене најважно е да поминам неколку дена во Индијан Велс, да тренирам со други играчи“, изјави Надал и продолжи:

„Подготовката за Индијан Велс не беше одлична, а пред Бризбејн беше многу добра. Сакам да играм тренинг сетови помеѓу егзибицијата со Карлитос и мечот од првото коло во Индијан Велс, тие три дена“.

Триесет и седумгодишниот Надал има само една желба…

„Мојот приоритет е да го напуштам Индијан Велс здрав. Потоа доаѓа сезоната на земјена подлога, која може или не може да биде моја последна – не се одлучив 100 отсто, но оди кон тоа да биде последна“, директно изјави Рафа за насоката во која оди неговата кариера.

Легендарниот Шпанец победи три пати на првиот Мастерс во сезоната, последен пат во 2013 година.

Слични содржини