Познатиот телевизиски водител Џејмс Корден (44) бил исфрлен од познатиот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, објави Кит Мекнали, сопственикот на тој ресторан. Мекнали го нарече Британецот, кој работи во САД во последниве години, гостин кој бил најнекултурен кон персоналот во 25-годишната историја на ресторанот.
„Ретко исфрлам гостин, но…“
„Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но тој е кретен од човек и гостин кој најмногу го навредуваше мојот персонал во Балтазар од отворањето на ресторанот пред 25 години. Ретко исфрлам гостин, но денес го избркав Корден и тоа не ме насмеа. Еве два примера за тоа како овој смешен човек се однесува со моите вработени. Слично се однесуваше пред неколку години во мојот поранешен ресторан, ‘Кафе Луксембург’“, започна Мекнали во објавата на Инстаграм и наведе неколку примери за несоодветното однесување на комичарот.
„Џејмс Корден беше тука на масата 61 во јуни. Откако го изеде главното јадење, Корден му покажа влакно на менаџерот на Балтазар, кој се извинил поради тоа. Корден беше многу одвратен кон него и му кажал: Дај ни уште една тура пијалоци оваа секунда. Погрижи се и за сите наши пијалоци досега. Ќе ви напишам негативна рецензија!“, продолжи Мекнали.
„Џејмс Корден беше во Балтазар на 9 октомври со неговата сопруга. Тој побара надворешна маса и ја доби масата 301. Сопругата на г-дин Корден нарача омлет од жолчка од јајце со грујере сирење и салата. Неколку минути откако ја добија храната, Џејмс ја повикал келнерката која ги служела и ѝ кажал дека има неколку белки измешани со жолчката“, изјавил сопственикот.
„Келнерката го известила менаџерот. Садот беше поправен во кујната, но за жал бил вратен со помфрит наместо салата. Тогаш Корден почна да вика како луд: Не можеш да ја работиш својата работа! Не можеш да ја работиш својата работа! Можеби ќе треба да влезам во кујната и да си направам омлет“.
Драматичната приказна сепак има среќен крај
Имено, наводно сите во Холивуд знаат дека Корден е непријатен и груб, а неговото однесување е една од причините за напуштање на „The Late Late Show“.
По објавата на сопственикот на ресторанот Кит Мекнали, Корден му се извини.
„Се е простено. Верувам во втори шанси. Џејмс, дојди кога сакаш“, објави Кит.