Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан, го прослави својот 500-ти гол во клупскиот фудбал со песна на Нада Топчагиќ, а познатата пејачка го коментирала неговото видео.
Ибрахимовиќ објави видео во кое игра со песната „Јутро је“, а пејачката не го криела својот ентузијазам за овој негов потег.
„Не знам што да кажам. Фасцинирана сум и пресреќна. Во целата оваа тага, ова е една светла точка. Би сакала да се сретнам со него, иако запознав неговиот татко во догледно време, но тоа е долга приказна. Горда сум на успехот на спортистите и дај боже да ни живеат 100 години. Ибрахимовиќ, секоја чест за изборот на песната, Надица те сака“, изјавила пејачката за Нова.рс.
Да потсетиме, Златан стигна до 501 гол во клупскиот фудбал со два гола во триумфот против Кротоне (4: 0). Тој постигна 83 голови во дресот на Милан, а најефикасен беше во ПСЖ, каде 156 пати ги матираше голманите.
Ibrahimovic en Instagram
🕺🏻😂 pic.twitter.com/t9AhPfUDwt
— AC Milan 🇮🇹 (@ACMilanGoleador) February 7, 2021