Наесен во Скопје ќе се отвори Спрски културен центар

од Andreja Salpe
232 прегледи

Како резултат на договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев, наесен српската заедница во Македонија треба да го добие Српскиот културен центар, изјави Милутин Станчиќ, директор на Управата за унапредување на јазиците на заедниците во Скопје.

Директорот на Управата за унапредување на јазиците на заедниците во Скопје, Милутин Станчиќ за РТС изјави дека заедно со Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар, го иницирале тој сеопфатен проект, кој беше поддржан од претседателот Вучиќ, и од српското Министерството за образование, Институтот за заштита на спомениците на културата и собранискиот Комитет за дијаспора.

– Идејата се појави како потреба за Србите во Македонија, кои според последниот попис од 2002 година, се околу 40.000, конечно да добијат Културен центар. Исто така, потребно е тие институционално да се зајакнат, да се грижат за наследството, да го зачуваат јазикот и писмото, што се сите предуслови за зачувување на идентитетот во долгиот период на асимилација, изјави Станчиќ.

Слични содржини