Нафтата и натаму ќе паѓа

од Vladimir Zorba
141 прегледи

 

На аукциите на берзите во светот денес нафтата стави уште рекорд и поевтини до 12-годишен минимум -под 28 долари за барел. Една од причините за тоа се  прогнозите на експертите на Светскиот економски форум во Давос, кои прогнозираа континуиран пад во наредните месеци, соопшти “Блумберг”.

давовс

При тоа, мислењето за уште пониски цени на нафтата беше поддржано во еден глас од сите експерти кои  се на форумот . Тие признаа уште дека досегашните нивни очекувања за нивоа околу и над 30 долари за барел треба да бидат преоценени. Според шефот на Светската енергетска агенција Фатих Бирол трета година по ред понудата на нафта та ја надминува побарувачката и тоа  ги остава цените под силен притисок. Бирол исто така, најави дека не гледа причини за поскапување  на текот на целата 2016 година. Во четврток ќе излезат и податоците за резервите на САД, киако  веќе има предвидувања дека тие се зголемија и тоа ќе доведе до ново поевтинување на нафтата. Веќе се зборува и за нивоа од 25 долари за нафта, кои најверојатно ќе станат факт уште во следната недела.