Приходите и имотот на “Исламска држава” се повеќе од доволни за да ги покријат трошоците на групата, и покрај очекувањата дека воздушните напади и падот на цената на нафтата ќе влијае на нејзините финансии . Ова станува јасно од анализи на невладината организација RAND Corporation, цитирана од “Њујорк тајмс”.
Групата главно се потпира на уцена и собирање на даноци. Таа собира по повеќе од 1 милион долари на ден. Платите на владини претставници се оданочуваат со 50% данок, а компаниите – до 20%.
Се проценува дека од уцена и даноци во Ирак групата собрала околу 500 милиони долари, од средства по падот на Мосул во јуни 2014 година – 875 милиони долари, од други извори – 600 милиони долари, од капитал на банки во Ирак – 100 милиони долари и од откуп од 20 милиони долари.
Нафтата не е главен извор на пари. Нафтената инфраструктура и особено рафинериите под управување на “Исламска држава” се цел на коалицијата предводена од САД . Приходите од нафта се паднати до околу 2 милиони долари неделно, но групата не е зависна од нив. Поголемиот дел од нафтата се користи од “Исламска држава”.
Групата инвестира во луѓе, а не во инфраструктура. Најголемите трошоци се во плати – меѓу 3 и 10 милиони долари секој месец. Инвестира во институции како комисии, медиуми, судови, пазарен регулатор, но обезбедуваат релативно малку услуги. Организацијата избегнува инвестирање во инфраструктура, бидејќи лесно може да биде напаѓана и територијата која ја држи и брзо може да си го смени сопственикот.
