Нафтената војна меѓу Русија и Саудиска Арабија

од desk3
96 прегледи

Конкуренцијата за нафтени пазари е опасен скриен мотив во блискоисточната политика на Путин

ef3889d4387b06cda6bdf761b8f555b6

Кога рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја закрепне улогата на Русија како голем играч во Блискиот Исток, Саудиска Арабија презема офанзива во традиционалното руско поле на активност, нудејќи поевтини испораки на сурова нафта за Полска, пишува во својата анализа агенцијата “Блумберг”.
На инвестицискиот форум, одржан минатата недела, Игор Сечин, директор на најголемата руска нафтена компанија “Роснефт”, се пожали на саудиското навлегување на полскиот пазар. Не е ли тоа прв чекор кон преразпределлување на западните пазари, запраша и Николај Рубченков, директор на руската компанија “Татоил”. Тој го постави прашањето- не треба ли енергетската стратегија на владата да содржи мерки за заштита на руските интереси утврдени сега на западните пазари?

Европски трговци и рафинерии потврдуваат дека Саудиска Арабија нуди своја нафта со значителни попусти, правејќи ја попривлечна од руската. Иако повеќето источноевропски рафинерии во моментов се технолошки зависни од рускиот суров микс, руските нафто-производители има од што да се срамат.

Во 1970-тите Саудиска Арабија испраќаше половина од својата нафта во Европа, но тогаш Советскиот Сојуз изгради извозни цевководи од своите далечни нафтени полиња во Западен Сибир, а Саудијците се преместија на азиските пазари, каде што побарувачката растеше и можеа да се постигнат подобри цени . Уделот на саудиската нафта на европскиот пазар продолжи да опаѓа. Во 2009 година таа сочинуваше 5.9%, додека уделот на руската нафта се зголеми до 34.8% во 2011 година Во последните години Саудиска Арабија полека го зголемува својот удел – до 8,6% во 2013 година, но никогаш не пробувала среќа во Полска , коментира “Блумберг”.

Како и повеќето земји од Централна и Источна Европа, Полска долги години беше клиент на руски нафтени компании. Минатата година околу три четвртини од полскиот увоз на гориво беше од Русија, останатото – од Казахстан и европските земји. Полска сепак игра централа улога во напорите за намалување на зависноста на Европската унија од руските енергетски извори. Откако Путин го анектира Крим од Украина минатата пролет, Полска, која се граничи со Украина, ги зголеми трошоците за одбрана и презеде дополнителни напори за гарантирање на безбедноста . Пред една недела беше објавено договор меѓу Полска и трите балтички републики – Литванија, Летонија и Естонија за изградба на гасовод од и за балтичките земји, кој ќе им ја гарантира идната независност од руски гас.

Во овој контекст појавата на нов и сигурен снабдувач е добредојдена. Од гледна точка на Саудиска Арабија, тоа е начин за проширување на пазарот надвор од Азија, каде што побарувачката се намалува.

Кремљ и претставниците на рускиот гасен и нафтен бизнис одамна го чувствуваат апетитот на Европа за енергетска диверзификација и бараат нови пазари. До 2000 година речиси целиот руски извоз на горива одеше кон Европа. Од минатата година овој процент веќе е помалку од две третини.

Русија стана сериозен конкурент на Саудиска Арабија на азиските пазари. Во мај испораките на руска сурова нафта во Кина дури привремено стигнаа пред саудиската. Сега Саудиска Арабија води безмилосна ценовна војна за удел на пазарот – не само со производителите на шкрилци нафта во САД, но со сите добавувачи кои не се членови на ОПЕК- посегнување на традиционалните пазари за Русија .

Овој процес може да се прерасне во активен судир меѓу двајцата најголеми извозници на нафта во светот, кои во моментов се во конфликт за војната во Сирија.
Во моментов ОПЕК и Меѓународната енергетска агенција предвидуваат умерено зголемување на побарувачката догодина, но ако кинеската економија продолжи да покажува лоши резултати од очекуваните, пазарот може да стане премногу мал за Русите и Саудијците. И двете економии се исклучително зависни од извозот на горива и задржувањето на пазарните удели е прашање на опстанок.

Конкуренцијата за нафтата е опасен скриен мотив во блискоисточната политика на Путин. Рускиот лидер се надева дека кога неговиот сојузник Иран повторно ќе се врати на нафтените и гасните пазари, Русија некако ќе ги сподели неговите профити, можеби преку нови цевководи во Сирија. Путин, исто така, сака да ја спречи Саудиска Арабија да изгради извозни правци во Сирија.

Сега, кога во прашање се покажа и енергетското владеење на Русија во Европа, подготвеноста на Путин да одлучи за сирискиот конфликт со своите услови може само да расте, заклучува “Блумберг”.