Тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија ќе влијаат на мировните преговори за Сирија. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи на исламската република Хисени Амир Абдулахиан.
“Погрешната одлука на Саудиска Арабија ќе влијае на преговорите за Сирија во Виена и Њујорк, но Техеран ќе продолжи да учествува”, рече Абдулахиан.
“Иран не сака никаква тензија во регионот и секогаш ќе го поздрави дијалогот со соседите”, изјави иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф на заедничката прес-конференција со ирачкиот колега Ибрахим ал Џаафари во Техеран.
Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џаафари посочи дека неговата земја ќе се обиде да посредува за решавање на дипломатскиот конфликт помеѓу Иран и Саудиска Арабија.
Според зборовите на Зариф сите земји од регионот треба да се обединат, особено во борбата против сегашните терористички закани, но според него Ријад редовно ја блокира конструктивната соработка.
Во последните денови Саудиска Арабија, Бахреин и Судан ги прекинаа дипломатските односи со Техеран, а Кувајт го отповика својот амбасадор.
Која е разликата помеѓу атомска и хидрогенска бомба
Причината за новите тензии во регионот е егзекуцијата на влијателниот шиитски свештеник Нимрим ал Нимрим од саудиските власти. Таа предизвика незадоволство во Иран, каде демонстранти го нападнаа конзулатот на Саудиска Арабија.
“Не можеме да си дозволиме да изгубиме напредокот во политичките преговори за Сирија”, изјави вчера пратеник на ОН Стефан Мистура по средбата со саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубејр и сириската опозиција во Ријад.
Мистура доби уверување од Џубејр дека кралството така ќе продолжи активно учество во преговорите за Сирија.
Егзекуцијата на шиитскиот свештеник шеикот Нимрим ан Нимрим од Саудиска Арабија извади на виделина опасните политички, религиозни и социолошки линии на поделба, меѓу кралството и Заливот.
Веста разгори немири во богатата со нафта Источна провинција на Саудиска Арабија и во соседен Бахреин, како и во јужен Ирак.
Иранскиот врховен лидер повика на соборување на саудиската монархија и предизвика жесток одговор од саудиската влада, која, пак, ја обвини Исламската република во мешање во внатрешните работи на кралството.
Лути демонстранти во Иран упаднаа во саудиската амбасада во Техеран, а Саудиска Арабија возврати со прекин на дипломатските односи и ги поттикна сунитските влади на своите сојузници да го сторат истото.
Амбасадорот на Саудиска Арабија во ОН, изјави за новинарите во понеделникот: “ние не сме непријатели на раѓање на Иран”. Но обновувањето на дипломатските односи ќе биде можно само ако Техеран “престане и се воздржува од мешање во внатрешните работи на други земји, вклучувајќи и во нашата”.
Ривалството меѓу двете големи сили во Заливот често симплистички се сведува на трка помеѓу една конзервативна сунитска монархија и револуционерна шиитска република. Реалноста сепак е заплеткано и загрижувачка.
Најисточната провинција на Саудиска Арабија е сместена на опасен јазол на ривалство на големи сили, на верски конфликт меѓу сунитите и шиитите, на економски и социјални противречности. Причината е дека во неа се наоѓаат најбогатите нафтени резерви во светот.
Истражувачите на Универзитетот Колумбија составија одлична колекција на карти кои ги илустрираат културните, религиозните, племенските и јазичните поделби во регионот на Персискиот залив.
Тие ги покажуваат реоните со шиитско мнозинство, формирајќи виножито, почнувајќи од Иран, во јужен Ирак и надолу по источниот брег на Саудиска Арабија кон Бахреин, со екстра разгранување кон планините на Северен Јемен.
Иран пројавува посебен интерес кон шиитските заедници во сите овие земји. Во некои случаи Владата во Техеран, особено Корпусот на стражарите на револуцијата и други конзервативни структури,кои се обидуваат да го извезуваат своето влијание и да ги зголемат немирите.
Јасно е, исто така, дека многу од овие шиитски заедници имаат акутни проблеми и голем дел од незадоволството е оправдано, а не ги подгрева само Иран.
Шиитските заедници во Ирак, Бахреин и Саудиска Арабија – сите тие во последното столетие страдаат од дискриминација од страна на сунитските влади. Кон овој дестабилизирачки коктел се додава и фактот дека токму во овие области се повеќето од резервите на нафта и гас во регионот.
Во претежно шиитски јужен Ирак има многу повеќе нафта и гас отколку во областите со сунитско мнозинство во северниот дел на земјата. А во Саудиска Арабија повеќето од нафтените и гасни наоѓалишта се токму во Источната провинција.
каква точно е ситуацијата во Источната провинција останува релативно нејасно, бидејќи пристапот и вести оттаму се контролира строго од саудиското влада, која се обидува да ги ограничи меѓународните дискусии за политичките ризици кои влијаат на кралството. Потенцијалот за сериозни немири е еден од оние малку веројатни, но висат сериозни ризици кои тешко можат да бидат проценети, но не треба и да бидат игнорирани.
Никој нема да победи, ако се обложува на политичката нестабилност во Саудиска Арабија или на немири во нафтените полиња едноставно затоа веројатноста за тоа е ниска.
Ризикот од немири може да биде 5 отсто или дури 1 отсто, но сепак не е нула. Истото сепак би можело да се каже и за ризикот од социјални немири во Египет или Тунис пред 2011 година. Овие ризици се доволно реални, за да се согледа како сериозна закана од саудиската влада, која продолжува да одржува силно присуство на безбедносните сили во шиитските области, и тоа објаснува зошто конфронтацијата меѓу Ријад и Техеран е толку остра и непомирлива.
Во повеќето делови на Блискиот Исток националните граници не одговараат на верските, културните, јазичните или племенските поделби, и Саудиска Арабија не е исклучок.
Кралството е амалгам од конзервативниот централен регион Наџд со западното крајбрежје Хиџаз и источните оази по брегот на Заливот Ал Хаса – сите тие релативно неодамна беа управувани одделно.
Кралот Абдулазиз, управник на Наџд, завладеа со Ал Хаса во 1913 година при распадот на Отоманската империја и го присоедини кон нив Хиџаз во 1924-25 година, за да ја обедини конечно земјата во 1932-та. Помеѓу овие региони, сепак, па дури и внатре во самите нив, сепак ќе останат големи културни и верски разлики.
Голем дел од политичката и религиозна елита се пополнува од Наџд. Имено овој регион се идентификува и со најстрогата вахабистичката форма на исламот. Хиџаз е средиште на либерални толкувања на исламот, додека мнозинството од населението во Ал Хаса исповеда шиитската форма на исламот.
Како дел од напорите за градење на државата конзервативните религиозни погледи од Наџд беа наметнати на другите делови на земјата. Според Комисијата за меѓународни верски слободи во САД денешната саудиска држава “дава предност на својата сопствена интерпретација на сунитскиот ислам пред сите други толкувања” и “ограничува повеќе форми на јавен религиозен израз, кои не одговараат на неговата специфична интерпретација на сунитскиот ислам”.
Еден од резултатите е долгата историја на расправии меѓу сунитите, особено оние кои ја следат стриктната вахабистичката интерпретација, и шиитските заедници во Ал Хаса, која веќе беше преименувана во Источна провинција.
“Властите продолжуваат да ги репресираат и дискриминираат духовниците дисиденти и членовите од шиитската заедница”, се вели во последниот годишен извештај на американската комисија. “Шиитската заедница се соочува уште со дискриминација во образованието, при вработувањето, во армијата, во политичката застапеност и во судскиот систем”. (International Religious Freedom Report 2015).
По егзекуцијата на Нимрим, стотици демонстранти излегоа на улиците на Катиф, родниот град на егзекутираниот духовник ал Нимрим, тврдат очевидци. Протестите беа изгаснати со сила од саудиската полиција.
