Нагазна мина во Авганистан уби најмалку 11 цивили, од кои три деца

од Берта Китинска
234 прегледи

Најмалку 11 цивили, вклучително и деца, загинаа кога нивното возило се судри со нагазна мина во северен Авганистан, соопштија денеска локалните власти, обвинувајќи ги талибанските бунтовници за поставување мини. Единаесет патници, од кои три деца, кои заминувале од градот Кала-е- Не, загинаа кога возилото удри во нагазна мина, пренесува Танјуг.

Ниту една милитантна група, вклучително и Талибанците, не ја презеде одговорноста за нападот во саботата, неколку часа пред талибанските лидери и претставниците на Обединетите нации да се состанат во Катар за да разговараат за мировниот процес во Авганистан, за безбедноста на дипломатите и за можностите за хуманитарна соработка, агенции во Авганистан, објави Ројтерс.

Портпарол на талибанците на Твитер изјави дека Шер Мохамед Абас Станекзаи, заменик-шеф на талибанската политичка канцеларија, „ја изрази својата цврста посветеност на мировниот процес во Авганистан“ за време на разговорите со претставниците на ООН.

Слични содржини