Нагетс ја прославија победата: Јокиќ го фрли Мареј во базен, се пиеше шампањ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
450 прегледи

Нагетс за првпат во историјата станаа шампиони во НБА. До прстенот стигнаа по победата над Мајами во петтиот меч од финалната серија – 94:89.

Прославата најпрвин започна на теренот. Се радуваа играчите на Денвер, но и браќата на Никола Јокиќ во дресот на српската репрезентација. Го фрлаа тренерот Мајкл Мелоун на раце, но радоста ја споделија и со „Џокер“.

Лудилото продолжи и во соблекувалната. Во еден момент Никола Јокиќ го фрли Џамал ​​Мареј во базенот, а заедно завршија во водата. Пиеле шампањ и пееле.

Јокиќ беше прогласен за МВП на финалната серија, но беше најдобар и во прославата на титулата.

Слични содржини