Најава од Италија: Ќе ја напуштат ЕУ за помалку од две години?

од Nikola Popovski
257 прегледи

Податоците од анкетата на Еуроњуз, спроведена изминатото лето, сугерираат дека Италија е најподготвена од сите земји-членки на ЕУ да размисли за напуштање на Унијата, доколку Брегзит се покаже корисен за Велика Британија.

Портпаролот на партијата Италегзит, Серхио Монтанаро ги открил плановите за излегување на Рим од Европската Унија за помалку од две години, пренесува Експрес.

Во ексклузивно интервју за тој медиум, Монтанаро изјавил: „Нашата цел е да ја напуштиме ЕУ и тоа е можно. Станува збор за политичка волја. Италијанците, исто како и Британците, сакаат да излезат од овој кафез“.

Монтанаро посочил дека планот е прилично едноставен и зависи од доведување луѓе во парламентот кои сакаат да ја напуштат Европската Унија.

https://twitter.com/ArlettiAndrea/status/1286246822709690369?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1286246822709690369%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs-lat.sputniknews.com%2Fsvet%2F202011301123981482-zelimo-da-izadjemo-iz-ovog-kaveza-najava-iz-italije–raskid-sa-eu-za-dve-godine%2F

„Неодамна беа собрани потписи, но тие се бесмислени бидејќи на крајот само собираат прашина. Имаме намера сè да внесеме во парламентот“, изјавил Монтанаро.

Портпаролот на италијанската верзија на Брегзит потенцирал: „Проблемот е во тоа што постои конфузија околу тоа што треба да се направи … и всушност е многу едноставно. Да бевме владејачка партија, првото нешто што ќе направевме е да го покренеме членот 50 од Лисабонскиот договор. Тогаш би вовеле паралелна валута со еврото и би биле потребни две години за навистина да го напуштиме блокот“.

Монтанаро додал дека после тоа, Италегзит ќе се залага за преговори со други земји, оние што сакаат да склучат трговски договори со нив.

„Ова го правиме затоа што веруваме дека испраќаме порака за национален идентитет. Ќе ја вратиме контролата врз нацијата и валутата“.

Монтанаро тврди дека Италегзит, формиран во јули 2020 година, бил инспириран од лидерот на Брегзит, Најџел Фараж, за кого се смета дека ги раскинал односите на Велика Британија со Брисел.

„Многу му се восхитуваме. За луѓето кои сакаат да ја напуштат ЕУ, не само за Италијанците, туку и за Холанѓаните, Французите и Грците, тој е олицетворение на способноста да го сторат тоа“, рекол Монтанаро за Фараж.

Истражувањето на „Еуроњуз“ покажа дека 45% од анкетираните Италијанци „делумно или цврсто се согласуваат со идејата“ за напуштање на ЕУ доколку Брегзит се покаже како добро решение за британската економија.