Најавен Ineos Grenadier Quartermaster

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Компанијата Ineos со затемнета слика и кратка најава најави дека ќе претстави пик-ап верзија на својот теренец Grenadier на претстојниот Goodwood фестивал на брзината.

Тоа е Grenadier Quartermaster, кој е идентичен со стандардниот Grenadier Station Wagon до столбовите Б, но после тоа секако е значително различен.

Меѓуоскиното растојание ќе биде продолжено, а задната настрешница е поголема за да овозможи поголем багажен простор.

Сликата го покажува името на Grenadier на задната врата и кружните LED светла како кај Grenadier Station Wagon. Исто така, резервното тркало што се наоѓа на задната врата на Grenadier Station Wagon сега стои исправено внатре во багажниот простор.

За погонот најверојатно ќе се погрижат 3.0-литарските шестцилиндрични бензински и дизел мотори кои се нудат во караванот Grenadier.

Конечно, Ineos ќе го прикаже Grenadier со водородни горивни ќелии во Goodwood.

Поточно, Granadier Hydrogen Fuel Cell (FCEV) Technology Demonstrator ќе биде изложен во падокот и исто така ќе се вози на угорнина во текот на четирите фестивалски дена.