Најавен нов Audi Q5

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Брендот со четирите прстени ќе ја претстави третата генерација на својот најпопуларен теренец на 2 септември, а засега е достапна само една тизер слика.

Audi ја продолжува својата моделска кампања. „Q5 го претставува успехот на Audi повеќе од 15 години“, вели извршниот директор Гернот Долнер. „Со третата генерација на нашиот најуспешен SUV, сега почнуваме да го подмладуваме нашето портфолио на SUV со модели со ефикасни мотори со внатрешно согорување и хибридни верзии“.

Audi ќе лансира повеќе од 20 нови модели во 2024 и 2025 година – над 10 од нив електрични. Оваа година новите електрични модели започнаа со Audi Q6 e-tron на пролет и Audi A6 e-tron на крајот на јули.

Во исто време, компанијата го подмладува своето портфолио со модели со мотори со внатрешно согорување како што е семејството А5 кое беше претставено во јули.

Слични содржини