Најавен новиот Volkswagen Tiguan (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Volkswagen објави нови тизер слики и информации за новата, трета генерација на Tiguan, чија премиера ќе биде во септември.

Исто така, некои медиуми добија можност да ги пробаат се уште маскираните тест примероци.

Така, новиот Tiguan ја користи платформата MQB Evo, подобрена верзија на актуелната архитектура, додека дизајнот на возилото е помалку како кутија од неговиот претходник.

Прочитајте повеќе:

Новата генерација е 32 mm подолга (сега 4551 mm) и 5 ​​mm повисока (1640 mm), додека ширината и меѓуоскиното растојание остануваат 1939 mm и 2681 mm, соодветно.

Споменатите димензии се однесуваат на моделот со стандардно меѓуоскино растојание. Што се однесува до подолгиот Tiguan Allspace со седум седишта, тој ќе биде заменет со новиот Tayron со три реда седишта.

Од Volkswagen велат дека новиот Tiguan ќе биде попрактичен, нудејќи волумен на багажникот од 648 литри кога е натоварен до висината на задното седиште. Покрај тоа, возачот и совозачот имаат дополнителни 9 mm простор за глава, додека задните патници имаат дополнителни 10 mm.

Во понудата ќе има и седишта со масажа и вентилација, со најава дека патниците ќе можат да програмираат автоматско активирање на греење и вентилација на седиштата врз основа на надворешната температура.

Основните верзии ќе користат инфозабавен систем од 12,9 инчи, додека Tiguan со посилни пакети опрема ќе добие екран од 15,0 инчи.

Исто така, има 10,25-инчен дигитална инструмент табла и ново развиен преден дисплеј на шофершајбната.

Tiguan опционално ќе добие и HD матрични фарови, кои можат да го осветлат патот напред до 500 метри.

Третата генерација на Tiguan ќе им биде достапна на клиентите со бензински, дизел и plug-in хибридни погони. Меѓу нив ќе бидат 2.0 TDI со 150 КС, 1.5 TSI и plug-in хибриди со две нивоа на перформанси (204 КС и 272 КС), кои благодарение на батеријата од 18,5 kWh можат да поминат 100-120 километри на струја.

Во зависност од верзијата, Tiguan ќе доаѓа во конфигурации со погон на предните и сите тркала.

Исто така, Tiguan ќе биде опционално достапен со адаптивната шасија DCC Pro.

Конечно, продажбата на новиот Tiguan во Европа треба да започне во првиот квартал на следната година.