Најавена е промена во гласањето во големото финале на Евровизија

од Илинка Илиоска
1,9K прегледи

Во полуфиналето гласа само публиката во земјите учеснички и другите делови на светот. Во финалето, на секоја земја што се пласира меѓу најдобрите и се доделуваат два групи на поени: еден од жири составено од експерти и еден од публиката.

Тие можат да гласаат за 10 песни, освен за претставникот на сопствената земја. Најголем број на поени по песна е 12, вториот фаворит добива 10, третиот избор осум, па седум поени и така натаму до еден поен за нивниот десетти фаворит.

Една од измените е што директните финалисти – Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и Шведска – ќе настапуваат во живо за време на полуфиналните вечери за време на натпреварувачкиот дел од програмата, а не во ревијалниот дел.

Повеќе време за гласање

Најавена е и промена во гласањето во големото финале. Гледачите повеќе нема да чекаат да се изведе последната песна, туку ќе може да гласаат за фаворити од почетокот на првиот натпреварувачки состав.

Овој начин на гласање се користеше во 1997 година, кога првпат беше воведено телефонското гласање, но и во 2010 и 2011 година.

Гледачите од земјите кои не се натпреваруваат кои гласаат преку интернет ќе имаат на располагање речиси 24 часа, бидејќи онлајн гласањето ќе биде отворено од втората генерална проба пред секоја натпреварувачка вечер, јавува Би-Би-Си.

Иако организаторите најавија уште некои измени, беше потврдено дека нема да има промени во самиот систем на гласање. Во финалето сепак жирито и публиката ќе гласаат во сооднос од 50 спрема 50 проценти, додека во полуфиналето ќе гласаат само гледачите.

Евровизија беше едно од првите телевизиски натпревари што им овозможи на гледачите да гласаат.

Гледачите во Австрија, Германија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија почнаа да гласаат по телефон во 1997 година. На остатокот од светот му е дозволено да гласа во 2023 година, а поени се доделуваат на 10-те најпопуларни песни во светот.

Слични содржини