Втората сезона на серијата „Еуфорија“ заврши во 2022 година, а серијата која го полуде светот годинава ќе ја добие третата сезона.
Серијата не води низ животот на средношколците, нивните проблеми и врски. Многу сериозни теми, како што е злоупотребата на дрога, беа проткаени низ заплетот на серијата, а главните ликови и нивните драми маѓепсаа многумина.
Судејќи по втората сезона, во третата не очекуваат бројни интриги и авантури. Како што е наведено, новата сезона започна да се снима во февруари оваа година, што значи дека најверојатно третата сезона ќе ја видиме на малите екрани во 2024 година.
Сепак, се појави можноста дејствието на серијата воопшто да не е сместено во средно училиште, а главните ликови повеќе да не се тинејџери. Според главната костимографка Хајди Бивенс, третата сезона би можела да прескокне 5 години од животот на главните ликови.
„Многу сум возбудена и едвај чекам да го прочитам сценариото. Постои приказна дека заплетот е сега 5 години во иднината и ликовите повеќе не се во средно училиште. Познавајќи го мозокот на Сем (режисерот) ќе биде возбудливо и предизвикувачко за сите нас, бидејќи тој не сака да се повторува. Јавноста ја очекуваат нови откритија“, изјави таа за Vogue.