Синото езеро во Нов Зеланд, исто така наречено Rotomairewhenua, е официјално најбистрото слатководно езеро на планетата. Поради нејзината кристално чиста вода и пејзажот што се рефлектира во неа, се чини како да не е од овој свет.
Сместено во прекрасниот национален парк Нелсон лејкс во Нов Зеланд, Синото езеро има забележана видливост до 80 метри. Ова го прави бистро како вода од флаширани шишиња.
И кога некое лице ќе ги погледне фотографиите од ова место, тоа едноставно сака веднаш да отиде таму и да се искапи во овие води. Но, тоа не е можно.
Имено, Синото езеро, кое е секогаш студено, со температура од пет до осум степени, се смета за свето за локалното племе Маори иви, пишува на веб-страницата „BuzzNicked“.
Затоа луѓето не смеат да влегуваат во езерото. И, тоа е всушност одлично затоа што ние често ги уништуваме најубавите работи што ни ги дала природата.
Затоа ова езеро има специфична боја што може да се види само во најчистите природни води.
Хидрологот Роб Мерилис го разбра потенцијалот на ова место, па по тестирањето на водата, потврдено е дека тоа е нов рекорд за бистрина.
И иако не можете да влезете во езерото, постојат блиски колиби во кои престојуваат стотици луѓе годишно.
Во последниве години се вршат редовни тестови за постојано проверување на квалитетот на водата во Синото езеро.
Денес е можно да се прелета преку езерото и да се набљудува од воздух. И одамна, езерото традиционално се користеше на племенски церемонии за прочистување и ослободување на духовите на мртвите. Тоа беше наменето само за мажи, додека друга во близина за жени. На оригиналниот јазик, името на ова езеро значи – езеро на мирни земји.