Најбрзиот лифт во светот развива 75,6 км/ч

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Јапонската електротехничка корпорација Hitachi го создала најбрзиот лифт во светот. Лифтот развива брзина до 1260 метри во минута – или до 75,6 км / ч, соопштува весникот “Никеи”.

Компанијата има развиено сопствен лифт за зградата CTF Finance Centre, со височина од 530 метри во кинескиот град Хангжу.

Ова беше направено со единствена цел – да се заземе првото место во светот, што досега се држеше од производителот на лифтови – конкурентната јапонска корпорација Mitsubishi Heavy Industries.

Нејзиниот лифт е исто така во Кина – во облакодерот Shanghai Towe. Максималната брзина му е 1200 метри во секунда.