Најбрзиот воз во светот, CR450, започна серија пробни возења на брза железничка линија во Кина, достигнувајќи брзина од 453 километри на час за време на едно возење.
Серијата возови CR450, дизајнирани за максимална тест брзина од 450 километри на час и комерцијална брзина од 400 километри на час, моментално се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Наука и технологија дејли“, објави „Синхуа“.
Брзиот воз достигнува забрзување од 350 километри на час за само четири минути и 40 секунди.
Во споредба со претходниот модел CR400, возот CR450 има подолг и поаеродинамичен нос, 20 сантиметри понизок покрив и 50 тони помала тежина, намалувајќи го аеродинамичниот отпор за 22 проценти.