Професорката Мирјана Најчевска која е и дел од Твоја партија, прашува дали а ќе се даваат посебни субвенции за етничките Македонци кои ќе изградат куќа во маало каде што живеат мнозинство етнички Албанци?, оваа нејзина рекација доаѓа по најавите за државни субвенции за вработувања на етнички Албанци во приватни компани.
„На пример државата да плати 1/3 од куќата.А ќе се стимулираат со субвенции верските заедници доколку преобратат некого од една во друга вера?Не знам како ќе ги рачунаме атеистите.За нив дупло или упола цена?А ако има регистрирано повеќе фирми на етнички Албанци од 20% од сите регистрирани фирми, ќе ги натераат да ги затворат?А ќе ме субвенционира државата ако купам пиперки за ајвар од етнички Албанец?А ако е некој од мешан брак, дали ќе се добие половина субвенција?, пишува Најчевска.