Најчевска: Фрчко ни “објасни“ дека е супер да ги ставиме Бугарите во Уставот, ајде да не ги мачкаме очите на граѓаните

од Milan1
90 прегледи

Фрчко на 24Вести ни “објасни“ дека е супер да ги ставиме Бугарите во Уставот затоа што на тој начин тие се идентификувале како малцинство во однос на Македонциоте како мнозинство. Со тоа, според него, Бугарите го признавале идентитетот на Македонците. И, Преговарачката рамка се исцрпува и завршува со ова едноставно барање. Според мене ова е крајно смешно упростување кое ги залажува граѓаните, реагираше професорката Мирјана Најчевска на гостувањето на Фрчковски  на Телевизија 24.

1.Прво, ако ги внесеме во Уставот тоа ќе биде под формулацијата со која се тврди дека Бугарите во Македонија се “свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава“ што е во апсолутна спротивност за историските факти

2. второ, со задржувањето на актуелната преговарачка рамка го прифаќаме и се она што е напишано во Вториот протокол потпишан од Бујар Османи:
– забрана за грижа и спомнување на Македонците во Бугарија
– забрана на спомнување на територијалните претензии на Бугарија кон териториите на кои живеат Македонци низ историјата
– забрана на спомнување на окупацијата од страна на фашистичка Бугарија, исфрлање на сите факти поврзани со окупацијата од учебниците и отстранување на спомениците од Втората светска војна кои посочуваат на оваа окупација
– забрана на пишување книги, изведување театарски претстави, изработка на филмови и било каков друг материјал во кој ќе има било каква негативна конотација за Бугарите (со предвидување дирекна цензура од страна на Бугарија)
– ограничување на слободата на мислата и говорот и казнување на се што не им се допаѓа на Бугарите
– промоција на од државата платени пропагандни содржини со кои се гради позитивно мислење за Бугарите и Бугарија

Значи, ајде да не ги мачкаме очите на граѓаните со нереално симплификување на нештата.
И еднаш ако ја наведнеш главата сите ќе очекуваат секогаш да ја веднеш (се повеќе и повеќе).
Ајде да се држиме до принципите и вредностите, на концептот за човекови права, на меѓународните договори и на ЕУ, напиша Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил

Слични содржини