364
Активистката, Мирјана Најчевска во рамки на денешниот фејсбук статус на лидерот и пратеник од редовите на Левица, Димитар Апасиев, посочи дека истата објава поттикнува омраза и насилство и потенцира дека ова треба да се разгледа по основ на членот 394 од Кривичниот законик.
Оваа изјава треба да се процесира врз основа на член 394-г од Кривичниот законик: “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ затоа што промовира и поттикнува омраза и насилство врз основа на верско уверување и етничка припадност.
Во исто време ги девалвира и мерките на државата за спречување на ширење на Ковид19 и ги поттикнува граѓаните кон непочитување на вие мерки и спротиставување на државните органи во нивното спроведување.
Со оглед на тоа дека изјавата не е дадена во рамките на Собранието, не е потребно барање за одземање на пратеничкиот имунитет за спроведување на потребните активности.