Најчевска: Оние што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците се истите кои си се гушкаат по штабови

од Берта Китинска

Тие што се уплашија од пратениците во скафандери се истите што не излегоа од кафеаните и измислуваат начини Собранието да не функционира, пишува во својата Фејсбук објава професорката Мирјана Најчевска.

-Овие што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците кои дојдоа да гласаат во скафандри се истите оние кои си се гушкаат по штабови, и се муваат по улици на протести и не излегоа од кафаните, и, лижат лажичиња по цркви, и слават родендени, и се туткаат низ самопослугите и …?

Тоа се истите тие кои не дозволија ни да се размислува за електронско Собрание и гласање?

Оние кои измислуваат начини Собранието да не функционира?

Оние кои поднесуваат илјадници амандмани кои немаат ни основа ни смисла, ама им личат на нешто што треба да го прават?

Која срамота бре и која мизерија да присилите болни луѓе да доаѓаат за да може да се одвива работата на Собранието. Па уште да се фрлате у неола и да мафтате со закони и Устав и као нешто ептен сте биле загрижени за здравјето.

Неписмена багра, напиша Најчевска.

Слични содржини