Најчевска за критиките на Пендаровски: Ниту една владејачка структура не го издигнa образованието на ниво на приоритет

од Берта Китинска
295 прегледи

Образовниот систем ги произведува над 90% од функционално неписмените луѓе, оценува претседателот на држвата Стево Пендаровски, осврнувајќи се на една деценија наназад на сѐ што го уназадува македонското образование.

Професорката и експерт за човекови права Мирјана Најчевска во разговор за „Локално“, вели дека Македонија е држава со голем број стратегии и планови за акција во образованието, кои не се спроведуваат.

-Изјавата е страшна но многу вистинита.Меѓутоа не е работата во отсуство на план. Проблемот е во тоа што секоја власт се обидува да почне од нула игнорирајќи се што е претходно направено. Едноставно нема системски пристап кој би се базирал на податоци и зад кој ќе застане државата како институција, а не одделни политички партии.Имено, Македонија е држава со голем број стратегии и планови за акција во образованието, кои не се спроведуваат.Она што ниту една владејачка структура до сега не го направи е да го издигне образованието на ниво на приоритет и соодветно на таквата позиција да издвои потребни средства, да го зајакне образовниот инпут на Педагошкиот факултет и да примени строги и прецизни критериуми за освежување на наставниот кадар, вели професорката.

За предлогот на Пендаровски да се направи ревизија на факултетите кои изминативе години добиле дозволи за работа, но и на сите дипломи, според Најчевска оваа идеја е интересна, но тешко изводлива.

-Потребно е прво прецизирање на јасни правила, процедури и критериуми кои ќе го стеснат просторот за отворање факултети и универзитети. Врз основа на ова може да се пресипитаат и до сега издадените дозволи за работа.Одземањето на ваќе стекнатите дипломи е правно неизведливо, меѓутоа може да се направи внатрешно рангирање на факултетите/универзитетите и врз основа на тоа да се направи и рангирање на дипломите, подвелкува професорката.

Според неа за да се подобри ситуацијата во образованието, потребно е да пред се да се тргне од основното образование и да се подигнат критериумите за вработување на наставниците.

-Мора да се почне од основното образование. Со таа цел треба да се возобнови идејата за развој на Педагошкиот факултет како наставнички факултет на кој би се подготвувале кадри за целото основно образование. Треба да се подигнат критериумите за вработување на наставниците (минимум магистратура) што ќе биде проследено и со подигање на платите до ниво на среден менаџерски кадар (со што наставничкита професија ќе стане атрактивна за поголем број студенти). Да се направи процена на потребен кадар во одделни области и согласно тоа да се профилира бројот на факултети од соодветната област.Да се воведе англискиот јазик како обавезен во факултетското образование (посебно на Педагошкиот факултет) со што ќе се овозможи користење на актуелна светска литература, мобилност на кадрите, можност за поголема комуникација со факултети/наставен кадар во другите држави, заедничка настава на студенти кои припаѓаат на различни етнички заедници во Македонија, посочува таа.

Б.М.

Слични содржини