Најчевска за „Локално“: Без целосна и системска реформа на правосудниот систем, секое разрешување на судии е проблематично

од Берта Китинска
405 прегледи

Без целосна и системска реформа на правосудниот систем со суштински интервенции во правилата, критериумите и процедурите, секое разрешување на судии за мене станува проблематично, смета професорка Мирјана Најчевска коментирјаќи  ги за „Локално“ неодманешните разрешувања на неколку судии.

Според неа реформите во судството не се изведуваат со едно две разрешувања кога ќе се појави основано сомнение за мотивите,  туку  тоа треба  да се спроведе преку системската промена почнувајќи од нивото на образование, до полагањето на правосудниот испит и процедурите за кариерно напредување и правилата за санкционирање.

-Се додека постои сомневање во независноста на самиот Судски совет и кадрите кои влегуваат во него, останува сомнежот во начинот на неговото делување. Од една страна е добро што судиите веќе не се третираат како недопирливи, меѓутоа од друга страна е лошо доколку остане перцепцијата на селективно делување кое е поврзано со политиката, а не со правото.На тој начин наместо да се постигне поголема независност може само да се задржи зависноста од политичкиот фактор сега замаскирана зад делувањето на Судскиот совет, објаснува Најчевска.

Таа потенцира дека  основен показател за тоа дали се движат реформите во вистински правец би требало да биде промената на перцепцијата на граѓаните кон судството.

 -Се додека е доминантна недовербата во правосудниот систем значи дека уште не се направени соодветните реформи, подвлекува професорката.

Во однос на големиот процент на граѓани  кои се уште сметаат дека судството во Северна Македонија е најкорупирано , Нјачевска коментира дека оваа сосотојба ќе може да се промени само кога луѓето ќе почнат да перцепираат барем почеток на вистински реформи и да го доживуваат судството како непартиски оптеретено и независно од владејачката политичка гарнитура.

-За ваква промена е потребно време, меѓутоа се потребни и релевантни показатели дека судството не работи по ничиј диктат и дека е спремно да се спротистави на незаконски постапки на било кој кој е на власт, вели таа.

За тоа дали дигиталното судство ќе може да донесе поефикасна и побрза правда,  професорката смета дека дигитализацијата е само техника.

-Дигиталното судство е само внесување алатка во рамките на процедурите. Судството вреди толку колку што вредат луѓето во него. Знаењето, искуството, интегритетот се основните елементи на промената. Дигитализацијата е техникум, коментира Најчевска. 

 Б.М.

Слични содржини