Најчевска за влезот на Бугарија во Шенген зоната: Ако сакаше ЕУ можеше да ја притисне Софија да го симне ветото кон Македонија

од Nikola Popovski
149 прегледи

Ако сакаше ЕУ можеше да ја искористи оваа можност и да ја притисне Бугарија да го симне ветото кон Македонија, вака објави професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска по одлуката Бугарија да влезе во Шенген зоната.

Најчевска критикува поради тоа што, како што вели, прокламираните вредности и принципи, ЕУ нема проблем да ги жртвува кога е во прашање геостратешкиот интерс.

-Леснотијата со која ЕУ се откажува од принципите и вредностите е според мене многу страшно, ако се има предвид дека во моментов ЕУ е носител на највисокиот демократски и правен развој на Земјата, објави професорката.

На 1 јануари се крена рампата на романско-бугарскиот премин Ѓоргиу-Русе, во близина на делтата на Дунав во Црно Море. Софија и Букурешт влегоа во ексклузивната Шенген-зона. Министрите за внатрешни Илков и Предоју го поздравија вклучувањето во областа Европа без граници со одата на радоста, химната на унијата. Успешен историски момент, особено за граѓаните и за компаниите, коментар на министрите, по бришењето на копнените граници.

Проверките на воздушниот и поморскиот пат од Бугарија и Романија беа укинати во март 2024 година, но копнените проверки продолжија се додека Австрија минатиот месец не се откажа од своето вето со образложение дека треба да се направи повеќе за да се запре нерегуларната миграција.

Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија.

Слични содржини