policija-noke-520x358

На 15.02.2016 година во 09.50 часот во СВР-Куманово Ј.П. (58) од Куманово, пријавил дека на м.в. „Гутев рид“, атар на с.Бедиње, при ископ на железничката пруга, забележал железен закопан предмет. Од страна на стручно лице од ДЗС-Куманово излезено е на местото на настанот и е утврдено дека се работи за две противавионски панцирни зрна калибар 40мм, едно противавионско панцирно зрно калибар 60мм и една топовска граната калибар 76мм, сите со потекло од Втората светска војна. Пронајдените експлозивни средства се подигнати за понатамошна постапка.

На 15.02.2016 година во 18.00 часот на Аеродром „Александар Велики“ Скопје при пасошка контрола констатирано е дека Б.Ј. (43) од с.Стримница, тетовско, евидира со мерка АПСИ за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Лицето е приведено и во 20.45 часот со Потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од ПО Петровец, за понатамошна постапка.

Исчезна 16 годишно девојче од Кичево

На ден 15.02 .2015 год. во 09.40 часот во Скопје на крстосница од ул. „Радишанска“ и ул. „Боро Кралевски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Т. (81) од Скопје, и ПМВ „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (30) од Скопје. Во незгодата со ТТП се здобиле возачот на ПМВ Југо и сопатникот С.В. (77) од Скопје. Со возило на Брза Помош се пренесени во Градска Болница “Свети Наум Охридски“, заради укажување лекарска помош, по што во 12.00 часот П.Т. им подлегнал на повредите, а С.В. е задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против лицата Т.А. (35) од Скопје и С.А. (28) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 14.02.2016 во Струмица во возилата на пријавените биле пронајдени по шест мигранти. На истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Лицата се спроведени и предадени во КПУ-Скопје.

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против А.Б. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 19.01.2016 година, во 18.00 часот пред куќата на пријавениот во Радовиш, од страна на полициски службеници и шумска полиција извршена е контрола при што, од пријавениот се одземени 1,40 метри кубни дабови огревни дрва за кои не поседувал документација.

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.П. (78) од с. Еловец, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” . Пријавениот во својство на претседател на Здружение на инвалидски пензионери Велес, од буџетот со кој располага задружението незаконски присвоил за себе и доделувал на други членови по основ на плата и аванс различни суми на парични средства во износ од 68.000 денари без претходно донесена одлука од страна на извршниот одбор и постапил спротивно на статутот на здружението со што го оштетил буџетот на здружението за наведениот износ.

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против С.У. (40) од с.Радање, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Пријавениот во текот на 2015 година со цел да се стекнe со имотна корист, во повеќе наврати врбувал, поттикнувал, организирал и транспортирал лица од Радовиш и Штип, на начин што лично им ветувал дека ке ја поминат граничната контрола и ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ, за што им наплатувал од 200-250 евра од член на семејство. Превезувањето го вршел организирано на начин што лицата кои што се транспортирале од местото на тргнување, преминувањето на граничните премини до градот каде се пријавувале како баратели на азил ги превезувал со неговото патничко возило „Фолксваген шаран“.

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (50) од с.Дамјан, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 15.01.2016 година во 21.30 часот во Радовиш по пријава од лицето Д.Г. дека во нејзиниот дом од страна на нејзиниот сосед Ј.К. била предизвикана расправија поради нарушени меѓучовечки односи, биле повикани полициските службеници за расчистување на пријавениот настан. По пристигањето во дворното место на пријавителката, на Ј.К. му било укажано да си замине во неговиот дом. При излегување од куќата, надвор на скалите пријавениот го искористил невниманието на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал.

Слични содржини