Американската компанија “Гугл” (Google) го соопшти името на новата верзија на својoт мобилен оперативен систем “Андроид” (Android). Досега тоа беше познат само со буквата ознака N.
Оперативниот систем кој засега е во тест период, ќе се вика “Нуга” (Nougat). “Гугл” традиционално им дава на верзиите на “Андроид” “слатки” имиња. Така на виделина веќе излегоа “крофна” Donut, еклерот Eclair, ѓумбировите лепчиња Gingerbread и други.
Овој пат корпорацијата им овозможи на самите корисници да измислат ново име. Од сите испратени варијанти, кои требаше да започнат со N беше избран оној со алвата.
Една од главните новини во новата верзија на “Андроид” ќе се специјалните режими, кои би требало да ja оптимизираaт потрошувачката на енергија и намалувањето на товарот на оперативната меморија. Од “Гугл” ветуваат дека ја додаваат во новата ОС можноста да бидат криптирани одделни датотеки, а не целиот уред. Android Nougat, како што се очекува, ќе излезе на крајот на летото или почетокот на есента оваа година.