Најдобри датуми за свадба во 2025 година

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Дали ја планирате вашата свадба од соништата во 2025 година? Покрај изборот на совршен фустан, локација и торта, зошто да не изберете и дата со астролошка поддршка?

Ѕвездите имаат моќ над енергиите на љубовта, а некои денови од годината се особено поволни за долготрајни и среќни бракови.

Доколку сакате брак исполнет со хармонија, страст и разбирање, ви ги пренесуваме најдобрите датуми за свадби во 2025 година, со објаснување зошто тие се идеални за судбоносното „да“!

21 март: Ден кога Венера и Месечината совршено се усогласуваат, носејќи романтична и стабилна енергија. Идеален за парови кои сакаат нежна, но силна врска.

9 мај: Совршен датум за оние кои сонуваат за свадба полна со љубов, луксуз и уживање. Овој ден ја зрачи енергијата на Венера, што значи дека бракот ќе биде полн со романса и просперитет.

8-ми август: Овој датум носи енергија на посветеност и долговечност. Совршен е за оние кои сакаат цврста основа и стабилен брак, без многу драма, но со многу љубов.

18 октомври: Есенска романса во полн сјај! Месечината и Сатурн носат сериозност, постојаност и длабока меѓусебна почит – идеални за парови кои градат силно партнерство.

6 декември: Празнична магија и љубовна среќа! Овој датум, под влијание на Јупитер, носи среќа, изобилство и заеднички успех – одличен знак за долг и среќен брак.

Како да се избере најдобриот датум?

Освен што овие датуми се астролошки поволни, размислете и за тоа што сакате во вашиот брак.

* Страст и авантура? Изберете датуми во јуни или август.
* Стабилност и безбедност? Март, октомври и декември треба да бидат ваш избор.
* Романтика и нежност? Мај и август носат чиста љубовна енергија.

Слични содржини