Најдобриот филм на Меган Фокс би можел да добие продолжение

од Nikola Popovski
249 прегледи

Иако се сметаше за неуспех по премиерата, хорор-комедијата „Jennifer‘s Body“ доживеа ренесанса во последните неколку години, а многу критичари го нарекуваат еден од најдобрите феминистичко-одмазднички филмови.

Во „Jennifer‘s Body“се претставени две средношколки, Џенифер и Ниди, од мал град во Минесота. Откако Џенифер станува жртва на сатанистички ритуал, популарната средношколка се враќа од мртвите, но како демон кој ги убива своите машки соученици.

Тоа е улогата на кариерата на Меган Фокс, со што се согласиле дури и критичарите кои првично плукале по филмот.

Сценаристката на филмот, Диабло Коди која доби оскар за филмот „Juno“, размислувала за порастот на популарноста на „Jennifer’s Body“ за време на интервјуто за „Bloody Disgusting“.

– Мислам, поради тоа станав посреќна. На почетокот, секако, бев возбуден, но бев и малку лут затоа што си помислив: „Па, каде беше таа публика кога излезе филмот“ – изјави Коди.

Како што открила таа, филмот бил комерцијален неуспех.

– Да бидам искрена, се чувствував засрамено. Се засрамив откако излезе тој филм. Тешко ми беше, тешко ѝ на Меган, а потоа наеднаш луѓето почнаа да зборуваат дека филмот е добар, за што мислев од самиот почеток – истакнала Коди.

Коди исто така изјавила дека би сакала да работи на продолжение на „Jennifer’s Body“, без разлика дали тоа е нов филм или ТВ серија.

– Да! Би сакала да снимам продолжение, изјавила сценаристката.

– Не сум готова со „Jennifer’s Body“. Само треба да најдам луѓе кои веруваат во филмот исто како и јас, а тоа се уште не се случило. Ми треба некој кој верува во филмот и има милијарди долари, кажала таа.

Коди за магазинот „People“ потврдила дека моментално бара луѓе со кои ќе работи на продолжение.

Слични содржини