Кога организаторите на 56. Супербол објавија кој ќе ја „забавува публиката“ на полувремето од мечот меѓу Лос Анџелес Ремс и Синсинати Бенгалс, јавноста беше воодушевена од имињата, кои сами по себе, најавуваа спектакл!
И тоа го добија кога доктор Др.Дре, Еминем, Снуп Дог, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ и Фифти Сент се појавија на сцената на стадионот Ремс за време на паузата, носејќи ги рапот и хип хопот во центарот на Суперболот за прв пат во историјата.
Шоуто го отворија Др. Дре и Снуп Дог, со нивниот хит класик „The Next Episode“ пред да ја подигнат атмосферата свирејќи ја легендарната мелодија на Тупак „California Love“.
Потоа на сцената излезе 50 Сент и ја отпеа „In Da Club“, а во исто време ја повтори сцената од видеото од 2009 година, кога висеше од шанкот за да ја крене главата. Публиката падна во екстаза кога го слушна неверојатниот глас на Мери Џеј Блајџ, а потоа на сцената влезе Кендрик Ламар.
Еминем потоа ја изведе „Lose Yourself“ и ја доведе атмосферата до вриење, па Др.Дре седна на клавирот и го отсвире култниот вовед во „Still DRE“, а други изведувачи му се придружија и го следеа до крајот на веројатно најспектакуларната пауза на полувремето во историјата на Суперболот.