Најдобриот пријател на Џеј: Не се пожали, само заспа и почина

од Nikola Popovski
532 прегледи

Најдобриот пријател на Џеј Рамадановски, клавијатуристот Зоран Јагодиќ-Руле изјавил дека пејачот починал во сон.

„Не знам што да кажам, во шок сум. Ова ќе ме убие. Џеј беше добро, не се жалеше на ништо претходните денови, но внимаваше на коронавирусот, поради болеста што ја има. Утрово не се жалеше на болка, само одеднаш заспа и умре во сон“, изјавил Јагодиќ за српските медиуми.

Тој исто така рекол дека пријателка се обидела да го разбуди, но не успеала, по што се исплашила и повикала брза помош. Тие наскоро стигнале, но не можеле да го спасат.

Џеј Рамадановски почина  на 56-годишна возраст,  а според медиумите како резултат на проблеми со срцето.

Слични содржини