Секогаш сме знаеле дека кујната крие чуда.  Убавината исто така има свои “рецепти” за кои нема книги, но се тестирани во текот на годините и се со докажан позитивен ефект.8cd21f12595f8e96324b98f3e367fa61

Се уверивме во успешното лекување на првут со плакнење со вода и јаболков оцет, но тоа ни од далеку не е единствената корист.

Ви ги претставуваме сите позитивни ефекти кои зачините за салати и јадењата ги имаат и врз нашата убавина.

Сите тие се испробани и навистина работат.Се разбира, треба да се има предвид дека при третман на кожа, задолжително треба да се нанесе хидратантен производ потоа, за да не се исуши зоната.

Еве за што друго можете да го користите јаболковиот оцет:

1. Педикир

Во слободното време кое сте одвоиле само и единствено за грижа за себе, може да се израдувате со убав педикир. За да постигнете подобри резултати не треба да го посетувате козметичкиот салон – доволно ви е само јаболков оцет. Тој има антифунгални својства и е одличен начин да се исчистат и освежат нозете пред да се лакираат.

2. Лош здив

Едно од решенијата на проблемот со лошиот здив е јаболков оцет. Тој ги отстранува трајно бактериите кои се главната причина за појава на непријатна миризба во устата. Единствено што треба да направите е да ја исплакнете устата за 20 до 30 секунди со малку вода со оцет.

3. Оштетени нокти

Сите мечтаеме за долги нокти, но не секогаш сфаќаме дека колку повеќе држиме лак, толку повеќе штета нанесуваме. Боењето на плочката, откако ќе се скрши некој нокт е дел од овие проблеми. Откако ќе користите нов лак, потопете ги прстите во мал сад со јаболков оцет. При долготрајна употреба, пожолтувањето на ноктите ќе исчезне.

4. Целулитот

Еден од најголемите проблеми на жените со кожата, особено за време на летната сезона, е целулитот. Овој досаден проблем, заедно со стриите, може да биде третиран со јаболков оцет. Едноставно измешајте мала количина од природниот производ со вашиот лосион за тело и нанесете со кружни движења.

5. Акни

Можете да ја отстраните акната многу брзо, аако со памук натопите малку јаболков оцет и го исчистите  местото. Друга опција е да се третираат акни, ако пред спиење чистите целото лице со природен производ.

Слични содржини