Аргентинскиот напаѓач Валентин Кастејанос му се приклучи на повратникот во Примера, Жирона од Њујорк Сити на позајмица во текот на една сезона.
Кастејанос постигна 19 гола во 32 натпревари минатата сезона во МЛС лигата за да му помогне на Њујорк Сити да го освои својот прв МЛС куп. 23-годишниот Аргентинец заврши на врвот на листата на стрелците во лигата, но ја подели наградата Златна копачка на лигата со Себастијан Дриуси од Остин. Мала утеха за Кастејанос е што има две асистенции повеќе од Дриуси.
Во оваа година има 13 гола на 17 натпревари во првенството и повторно го дели првото место во рангирањето со неговиот сонародник Дриуси. Неговиот одличен настап во Северна Америка логично предизвика гласини дека нема да остане на овој шампионат, туку ќе се пресели во некоја од европските лиги. Но, бидејќи двата клуба – и Жирона и Њујорк Сити – се под контрола на корпорацијата „Сити Фудбал Груп“ (СФГ), трансакцијата беше извршена без никакви проблеми.
Откако позајмицата до јуни 2023 година стана факт, спортскиот директор на Њујорк Сити, Дејвид Ли објави дека тоа е начин да се прикаже момчето во Европа и да се генерира интерес од големите клубови. И тој лично е подготвен да седне на преговори и да ја ислуша секоја понуда, без разлика од каде доаѓа.
„Кога Тати (прекарот на Кастејанос – н.з.) ќе се претстави добро во Европа, а јас не се сомневам во тоа, сега ќе можеме да го продадеме по највисока можна цена и моите очекувања се да направиме трансфер профит поголем од било која сезона досега, додаде Дејвид Ли.
Кастејанос игра четири и пол години во клубот, а претходно беше избран од Торк Сити Монтевидео – уште еден од тимовите кои се под контрола на арапскиот шеик. Но, и покрај неговата релативно млада возраст, Аргентинецот веќе е стрелец број 2 во историјата на клубот од Њујорк зад Давид Виља, кој постигна 50 гола на 109 натпревари.
„Навистина мислам дека сега е вистинското време. Тој веќе работеше со европски тренери, на 23 години треба да биде совршен за да игра во европските првенства“, заклучи шефот.