Најдобрите пози за бавен и брз секс

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Многу жени се жалат дека партнерите завршуваат премногу брзо и тие не остануваат целосно задоволни од сексот. Причините може да се кријат во мажот (сексуална дисфункција, предвремена ејакулација, итн), но може и да се поврзани со нешто сосема тривијално како позата.b658a1123ed514be85030ce77643f642

Научниците од Универзитетот во Кентаки направија истражување, според кое утврдија кои секс пози ги тераат мажите да издржат во кревет најмалку. Во него се вклучија 14 000 претставници на двата пола, кои кажаа детали за сексуалните искуства.

Еве и како изгледа листата на пози, која ќе ве ориентира што да сторите ако сакате чинот да трае подолго или пак пократко.

57% од испитаниците категорично велат дека “мисионерската поза” го продолжува сексот. На второ место анкетираните ја ставаат позата во која дамата е на врвот (30%).

Сексологот Иан Кернер пак признава дека би ги заменил местата на двете пози, бидејќи според него, ако мажот лежи долу, ќе заврши значително побавно. Причината е дека при оваа поза партнерката добива најголема стимулација на клиторисот и тоа со помали движења (кои пак се водечки за тоа кога мажот ќе заврши).

Ако немате време и сакате многу брз секс, подобро обложете се на “кучешката”. Таа е меѓу омилените пози на мажите и кај неа тие имаат целосна контрола над движењето и оргазмот.

Друга секс поза, која се одликува со краткотрајност според студијата е “лажичка”.