Многумина сè уште јасно се сеќаваат на овогодинешните награди Златен глобус, одржани во јануари, каде најдобрите пријатели Бен Афлек и Мет Дејмон, како и нивните сакани сопруги Џенифер Лопез и Лусијана Баросо, седнаа на иста маса и им позираа насмеани на фотографите.
Но, неколкуте фотографии од среќните парови успеаја да ги измамат луѓето, бидејќи вистината е многу поинаква. Иако Бен и Мет се најдобри пријатели повеќе од 20 години, нивните сопруги не можат да се поднесат.
Афлек и Дејмон не кријат колку се уморни од обидот да ги зближат двета и конечно да си „кликнат“, но изгледа дека ништо нема да излезе од тоа.
„Мет ја запозна Луси истата година кога Џенифер и Бен првпат раскинаа“, откри добро информиран извор, додавајќи дека во следните 20 години таа изградила врска со Бен која била независна од сите: „Сето тоа ѝ оди на нерви. Изгледа дека Луси мисли дека е подобра од неа или нешто слично“.
И 51-годишниот Бен Афлек и две години постариот Мет Дејмон изминативе години на секој начин се трудеа нивните сопруги да „најдат средина“ и конечно да почнат да функционираат заедно и да се дружат како семејство.
„Никогаш не оди добро“, рекол извор близок на 54-годишната Џенифер Лопез, но и на 47-годишната Лусијана Баросо, а потоа открил дека Бен и Мет се уште не се откажуваат.
„Бен и Мет мислат дека би било одлично ако тие четворица би можеле, на пример, да „фатат“ авион за Мексико за викенд. Момчињата не можат да ги принудат, но тоа почнува да ги заморува се повеќе и повеќе“, додава изворот.