Најдоброто време за тренинг е на пладне – еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Многу луѓе работат од дома и вежбаат онлајн, вели фитнес тренерот Џулија Халеј. Таа објаснува кога вежбањето најмногу се исплати.

– Луѓето оваа година, додава Халеј, беа принудени да развијат некои нови рутини, а светлата точка во денот за многумина беше шанса за малку подолг сон или „дополнителното“ време во кое инаку би патувале на работа – и што сега би можеле да го искористите за вежбање или дружење со вашите деца – додава таа.

Но, дали има смисла да се вежба среде денот?

– Бидејќи дотогаш веројатно веќе сте појадувале, нивото на шеќер во крвта се зголемило, што го олеснува изведувањето вежби со висок интензитет. Вежбањето напладне ни помага подобро да се фокусираме на попладневната работа и да бидеме побрзи и попродуктивни во текот на денот – објасни таа.

Значи, ако се прашувате во кое време од денот е најдобро да имате тренинг, тоа е дефинитивно на пладне.

Слични содржини