Осмото годишно истражување “Барометар за градски трошоци” на “Post Office Travel Money” ги нареди во листата најдостапните градови за викенд одмор во Европа.
Во листата се рангирани 35 гради според 12 елементи како што три-катно мени со шише вино за двокреветна соба, две ноќевања во тризвезден хотел, туристички атракции и прошетки, цена на кафе, пиво и други прехранбени производи.
За целта на истражувањето се користени девизните курсеви на 10 март, посочува “Индипендент”. Цените на туристичките услуги се обезбедени од туристичките агенции, а за целта на онлајн студија се споредени најевтините достапни двокреветни соби за патување за датумите 15-18 април.
Списокот со 13-те најевтини европски градови започнува со Варшава, каде што за викенд за двајца ќе ви се потребни 113 евра. Двокреветна соба за двајца возрасни чини 54 евра, билетите за градскиот транспорт во просек 1,6 евра, 48-часовна карта за јавен превоз може да се купи за 4,5 евра.
Топ дестинацијата – Кралскиот дворец е со слободен влез. Трикатно мени за двајца со вклучено шише вино чини 28 евра, кафето е 1,9 евра, пивото – 1,5 евра.
Следи литванската престолнина Вилнус, каде дводневен престој ќе ве чини 115 евра. Првите три евтини европски градови завршуваат со Будимпешта, каде за време на викендот ќе ви се потребни 123 евра.
Останатите градови во рангирањето се Рига, Краков, Лисабон, Дубровник, Прага, Москва, Атина, Талин, Стразбур и Лил (Франција).