Најглупите и најскапите 5 работи кои познатите личности ги купиле

од desk4
222 прегледи

Иако навистина не можеме да зборуваме за тоа како познатите личности ги трошат своите пари, еве некои од најуникатните и најскапите предмети што ги купиле богатите:

 

1. Парис Хилтон потрошила 325 илјади долари на замок за нејзините кучиња.

Во 2017 година, Парис твитна за замокот за кучиња, велејќи: „Моите кучиња живеат во оваа двокатна куќа за кучиња, која има клима, греење, дизајнерски мебел и лустер“.

 

2. Селин Дион потроши 2 милиони долари на уред за влажнење на воздухот.

За време на нејзиниот престој во Вегас во Палатата Цезар во раните 2000-ти, Селин го замоли хотелот да постави скап уред за влажнење на воздухот над сцената за да го „зачува нејзиниот глас за пеење во суровата пустинска клима“.

 

3. Кендал Џенер купила кауч од 52 илјади долари.

Според Architectural Digest, Кендал платила 52 илјади долари за сино-виолетов тросед направен од италијанските познати произведувачи на каучи, Едра. Таа дури и се огласи на нејзиниот стар блог, пишувајќи: „Тој е (каучот) целосно исткаен со сино-виолетова ткаенина. Совршен е за дневната!“

 

4. Ештон Качер платил 200 илјади долари за билет за во вселената.

Во 2012 г. Мила Кунис го фрли огромен куп пари на билети за ракетата SpaceShipTwo на Virgin Galactic. Меѓутоа, нивното патување не се остварило поради нивното семејство. Ештон рече: „Кога се оженив и имав деца, мојата сопруга изјави дека не е паметна одлука да се упатиме во вселената кога имаме мали деца“.

 

5. Викторија Бекам купи позлатена футрола за iPhone од 33 илјади долари.

Во 2011 година се шпекулираше дека Дејвид Бекам и подарил на сопругата футрола за iPhone во која имало 150 грама 24-каратно злато.