Најголем дел од повредените во несреќата во Бугарија префрлени во Србија

од Берта Китинска
142 прегледи

Четворица повредени во несреќата во Бугарија остануваат на лекување во Софија, а сите останати го минале преминот Калотина од бугарска страна и влегле во Србија, пренесува N1.

Од другата страна на границата, во Градина, од Ниш пристигнато р амбулантно возило и во тек е преземање на повредени патници кои ќе бидат префрлени во Белград.

Две момчиња на возраст од 10 и 11 години, кои се здобија со најтешки повреди во превртувањето на автобусот во Бугарија, остануваат во болницата во Софија.

Осум деца и четворица возрасни се повредени во неделата кога автобус со членови на фолклорниот ансамбл ЈУ Лира од Батајница се превртел на автопатот Тракија.

Обвинителот рече дека техничкиот преглед е завршен, дека нема ништо што укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка.

Возачот на автобусот кој се преврте на автопатот Тракија во Бугарија доби притвор до 24 часа.

Слични содржини