Најголемиот авион на светот Антонов Ан-225 е уништен при напредувањето на руските сили на територијата на Украина, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба.
Уништениот авион на украински се викал „Mrija“, што значи „сон“.
„Русија можеби ја уништи нашата „mrija“. Но, тие никогаш нема да можат да го уништат нашиот сон за силна, слободна и демократска европска држава. Ќе победиме“, напиша Кулеба на Твитер.
This was the world’s largest aircraft, AN-225 ‘Mriya’ (‘Dream’ in Ukrainian). Russia may have destroyed our ‘Mriya’. But they will never be able to destroy our dream of a strong, free and democratic European state. We shall prevail! pic.twitter.com/TdnBFlj3N8
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) February 27, 2022
Толку е голем што товарниот простор на авионот е долг колку и првото вселенско летало на браќата Рајт, пишува Би-Би-Си.
Изграден е за транспорт на вселенски шатлови, но ретко бил користен во последниве години.