Најголемиот пад на Циципас: Испадна од Топ 10 по пет години

од Vladimir Zorba

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас за прв пат по пет години нема да се најде во Топ 10 тенисери во светот на следната АТП листа, која ќе биде објавена во понеделник на 19 февруари.

Циципас со успесите на Тејлор Фриц и Алекс Де Минор беше преместен на 11. позиција на АТП листата.

Де Минор ќе биде деветти на најновата листа, а Фриц едно место послабо од Австралиецот.

Така, за прв пат од 4 март 2019 година или 259 последователни недели, Гркот ќе биде надвор од Топ 10 клубот.

Најдобар пласман во тој период му беше третото место, а играше и во две Гренд слем финалиња.

Слични содржини