„Најголемиот собир што Русија некогаш го видела“: Сојузниците на Навални повикаа на нов масовен протест

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Сојузниците на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес повикаа на нов масовен протест низ цела Русија, барајќи негово ослободување од затвор.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Навални, тие ги повикаа Русите да се пријават за протестот на интерактивната мапа и рекоа дека ќе закажат датум за протест кога бројот на луѓе кои сакаат да учествуваат ќе достигне најмалку 500.000 ширум земјата, пренесе АП .

Во соопштението, организаторите ветија дека собирот ќе биде најголемиот што некогаш го видела Русија.

Навални (44) беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде мина пет месеци закрепнувајќи од труење.

Слични содржини